Документарни

КРИПТО-КРАЛИЦА, измамата со OneCoin – документарен филм -среда, 03 јануари 2024 – 19:15

Во 2014 година беше претставена нова криптовалута: OneCoin. На масовните настани што личат на религиозни собири, харизматичната основач, Ружа Игнатова, тврдеше дека е на пат да стане најголемата дигитална валута во светот и дека ќе го промени светот. Всушност, тоа беше џиновска понзи шема. Немаше блокчејн, систем за исплата, ништо друго освен ветување за фантастични стапки на поврат. Ружа и нејзините пријатели секој ден измислувале нов, поволен курс. И тоа функционираше: OneCoin набрзо беше најавен како криптовалута за сиромашните. Валута која би ги претворила сиромашните во принцови.

За волја на вистината, таа ја претвори Ружа Игнатова во Крипто-кралица. Таа организираше раскошни забави со шампањ во Франкфурт, Софија и Њујорк. Kупи дваесетина луксузни имоти ширум светот. Се додека не замина. Во моментов никој не знае каде се наоѓа. Но, и покрај сето тоа, многу инвеститори продолжуваат да веруваат во OneCoin. Како Ружа Игнатова успеа да ги измами властите и клиентите? Кој знаеше што кога? Како OneCoin успева да продолжи да работи? И кои се луѓето позади Крипто-кралицата?

Во овој филм добивме редок и ексклузивен пристап до блиските пријатели и колеги на Игнатова – луѓето кои најдобро ја познаваа – кои ја раскажуваат неверојатната приказна одвнатре.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ШВАЈЦАРСКА ГАРДА – Мистериозната армија на Папата – сабота, 26 април 2025 – 17:00

Дејан Дејан

ВОЛТ ПРЕД МИКИ – вторник, 22 април 2025 – 10:20

Дејан Дејан

САКАЈЌИ ЈА ХАЈСМИТ – сабота, 19 април 2025 – 20:00

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе