Балкан Вести Свет Топ вести

Радев: Измените на Уставот на РСМ се европски, а не бугарски барања

Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека решението за проблемите во односите со С. Македонија лежи во имплементацијата на Копенхашките критериуми за членство во ЕУ и во почитувањето на човековите права. Тој посочил дека Бугарија отсекогаш била двигател на европската интеграција на земјите од Западен Балкан.

Според зборовите на шефот на бугарската држава, искажани во интервју за грчката државна новинска агенција АНА-МПА, „повеќе не треба да се зборува за бугарско вето, бидејќи има јасен заклучок на Европскиот совет од јули минатата година и договорена преговарачка рамка“.

Овие европски, а не бугарски, барања јасно укажуваат дека РСМ мора да го измени својот Устав за да им даде можност на Бугарите да имаат уставна заштита и еднакви права со тоа што ќе бидат вклучени на еднаква основа со другите државотворни нации во оваа земја, потенцирал Радев.

Како што пренесуваат бугарските медиуми, Радев уште еднаш повикал на „искоренување на јазикот на омразата и насилството врз Бугарите кои живеат во РСМ, како и на почитување и заштита на бугарското културно и историско наследство“. Бугарскиот претседател изразил и надеж дека што поскоро македонските власти „ќе ги прифатат европските принципи и вредности за подобра иднина на граѓаните на РСМ, како и за создавање подобра перспектива за сите на Балканот“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајдено тело на мртва девојка во Штип

Дејан Дејан

Осигурителните компании не ги вратија старите пониски цени на полисите за возилата, денеска нов состанок во финансии

Дејан Дејан

На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе