Останато

Европски рекорд на Ингебритсен на 1500 метри

Норвежанецот, Јакоб Ингебритсен на митингот од Дијамантската лига што се одржа во Хоржов во трката на 1500 метри постави нов европски рекорд.

Актуелниот олимписки првак делницата ја мина за 3 минути 27 секунди и 14 стотинки и 81 стоти дел од секундата го подобри сопственото постигнување поставено на Олимписките игри во Токио пред две години.

Воедно ова е и четврти најдобар резултат на 1500 метри на сите времиња и сега Ингебритсен е зад Хичам Ел Геруж, Бернард Лагат и Асбел Кипроп.

На еден месец пред почетокот на Светското првенство што ќе се одржи во Будимпешта, атлетичарите влегуваат во посакуваната форма и постигнуваат се подобри резултати.

Поставени се четири најдобри постигнувања во досегашниот тек од сезоната, а соборени се уште 10 рекорди на митингот.

Покрај Ингебритсен најдобар резултат на светот за 2023 година поставија, Јапонката, Харука Китагучи кој копјето го фрли на далечина од 67 метри и 4 сантиметри, во скок во височина Еса Мутаз Баршим од Катар славеше со 236 сантиметри, а Јулимар Рохас од Венецуела во трискок забележа резултат од 15 метри и 18 сантиметри.

Рекорд на митингот поставија уште Софијан Ел Бакали од Мароко на 3000 метри, Тоби Амусан на 100 метри со пречки, Фревејни Хаили на 3000 метри, Наталија Качмарек во трката на 400 метри, Мери Мора на 800 метри кај дамите и Вејд ван Никерк на 400 метри.

ФОТО: Игор Паневски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Одземена олимписка титула на русинката Гулиев

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Петрушев триумфираше на јубилејниот ИКАС

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе