Вести Македонија

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Скопските општини ќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријават штетите предизвикани од невремето, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски по координативниот состанок со скопските градоначалници и кризниот штаб на Град Скопје, на кој ги сумирале штетите и последиците од вчерашното невреме.

Во координација со владата ќе се врши процена на пријавените штети по што, согласно законската регулатива, ќе почне постапка за поддршка на граѓаните при санацијата на оштетувањата на објектите за домување.

Договорено е и општинските градежни инспектори, инспекторите за домување и другите надлежни служби да извршат засилени и строги контроли. Ќе се проверуваат сите позиции и објекти каде што имаше оштетени кровни конструкции за да се утврдат причините за истото, земајќи предвид дека одржувањето треба да го имаат куќните совети.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп присуствуваше на пречекот на посмртните останки на американските војници убиени во војната со Иран

Igor Trajkov

Бугарија одобри американски авиони танкери на своја територија за операции на Блискиот Исток – Техеран веднаш ја предупреди Софија

Sasko Dimovski

Израел ќе прави обрач со канали за крокодили околу затворско крило со припадници на Хамас долги 170 метри

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе