Почетокот на судскиот процес против соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој во Њујорк е обвинет за трговија со дрога, е закажан за 1 јуни 2027 година, беше соопштено на денешното подготвително рочиште во Федералниот суд во Менхетен.
Против 63-годишниот поранешен претседател, кој беше уапсен од американските сили во Каракас на почетокот на годинава и од 3 јануари се наоѓа во затвор во Бруклин, се покренати четири обвиненија, меѓу кои и за наркотероризам. Неговата 69-годишна сопруга Силија Флорес е обвинета по три точки од обвинението. Двајцата ги отфрлаат обвиненијата.
По неговото соборување од власт, функцијата привремено ја презеде Делси Родригез, која управува со земјата под силен притисок од Вашингтон, кој тврди дека има влијание врз политичките случувања во Венецуела.
