Останато Спорт

Франческо Бањаја од 2027 година ќе вози за Априлија

Франческо Бањаја од 2027 година ќе вози за Априлија. Италијанскиот мотоциклист откако вчера објави дека ја вози последната сезона за Дукати, денеска потпиша четиригодишен договор со тимот од Ноале и ќе формира целосно италијанска постава заедно со Марко Бецеки.

Ова е голем трансфер во Мото ГП шампионатот, бидејќи Бањаја е двократен светски шампион во кралската класа. Тој ги освои титулите во 2022 и 2023 година со Дукати, а претходно беше и шампион во Мото 2 во 2018 година.

Италијанецот досега има 41 победа, 86 подиуми и 35 пол-позиции во кариерата, бројки што го ставаат меѓу најуспешните италијански возачи во најсилната класа, зад легендите Џакомо Агостини и Валентино Роси. Во Априлија ќе го замени поранешниот шампион Хорхе Мартин.

Од Априлија истакнаа дека доаѓањето на Бањаја е голема чест и потврда за вредноста на италијанскиот спорт, но и дека пред да му посакаат добредојде во тимот, ќе се обидат да го победат до крајот на неговиот ангажман во Дукати.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пет натпревари суспензија за Мадибо по тешката повреда на Коне

Sportska Redakcija

Јакимовски останува во Италија: Потпиша двегодишен договор со Наполи

Sportska Redakcija

Мексико перфектен, Бразил и Мароко сигурни, Јужна Африка со сензационален пласман во нокаут-фазата (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе