Тадеј Погачар ја запиша првата етапна победа на годинешното издание на Тур де Франс и ја презеде жолтата маичка од Јонас Вингегард.Етапата имаше и необичен амбиент, бидејќи последните 44 километри во Франција се возеа речиси без публика поради пожарите во источните Пиринеи.
Словенечкиот велосипедист имаше најдоабар финиш на третата етапа, која се возеше од Гранољерс во Шпанија до Лез Англ во Франција, во должина од 195,9 километри. Погачар нападна во последните метри од искачувањето кон целта и никој од главните конкуренти не успеа да го следи неговото темпо.
Погачар ја мина целта со време од 4 часа, 45 минути и 11 секунди, две секунди пред досегашниот лидер Јонас Вингегард. Со исто заостанување завршија и Ричард Карапаз и младиот Французин Пол Сејкас.
За четирикратниот освојувач ова е 22-ра етапна победа во кариерата на Тур де Франс.
По три етапи, Погачар е нов лидер во генералниот пласман со исто време како Вингегард, но ја носи жолтата маичка благодарение на подобриот пласман. Трет е Ремко Евенепул со 23 секунди заостанување.
