Македонија Топ вести

Тетовасот објавува- Алијанса добила понуда да ги води министерствата за здравство и правда

Владината коалиција предводена од СДСМ и ДУИ синоќа му доставил на Алијанса за Албанците две понуди за министерски позиции, пишува порталот Тетовасот.

Според извори на порталот од Алијанса за Албанците, една понуда е за коалицирање со СДСМ, ДУИ, ДПА и Алтернатива е доколку Алетренатива остане во Владата, Алијанса да ги води Министерството за здравство и Министерството за правда и двајца вицеминистри како и директорските места во Фондот за пензиско, Македонска пошта, Матична книги, државниот правобранител и Македонски железницата.

Втората понуда, според информациите на порталот, е доколку Алтернатива не остане во владата, Алијанса да добие тројца министри и двајца заменици министри, и тоа во ресорите здравство, правда и информатичко општество и администрација.

Понудата е конечна и се очекува таа да биде официјализирана на партискиот состанокот на Алијанса за Албанците во сабота.

А инаку вчера ТВ Телма информираше дека Алијанса за влез во влада поставила три услови од кое еден е да се гарантира дека владиното мнозинство ќе обезбеди 80 пратеници за уставни измени.

Влегуваме во влада ако имаме гаранции за мнозинство до 80 пратеници-Алијанса на понудата одговара со услов

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигден со пораки за здравје, љубов, меѓусебна почит и обединување

Дејан Дејан

Нови тензии на Токсикологија

Дејан Дејан

Осигурителните фирми се тие кои треба да одлучат дали ќе им бидат вратени парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе