Вести Македонија Топ вести

Апел на градоначалникот Лимани до гостиварци: Останете смирени и почитувајте ја привремената забрана за пиење на водата од градскиот водовод

Апел до гостиварци за почитување на привремената забрана за пиење на водата од градскиот водовод што ја донесе Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), порача градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани кој се огласи на социјалните мрежи, откако над 1.000 жители на градот се побараа лекарска помош поради стомачни проблеми, болки во желудникот, температура, омалаксаност, итн.

„Во однос на тврдењата дека дошло до мешање на канализациска и водоводна вода, информациите од ЈП „Комуналец“ укажуваат дека на посочената локација нема канализациска мрежа. Сепак, сите наводи се предмет на проверка и конечна оценка ќе дадат исклучиво надлежните институции. Во моментов нема официјален медицински или лабораториски доказ дека пријавените стомачни тегоби се предизвикани од водата од градскиот водовод. Причината мора да се утврди стручно и врз основа на релевантни анализи“, напиша Лимани на Фејсбук.

Тој повика на смиреност меѓу граѓаните, да не се шират непроверени информации за кои упатува на официјални извори.

С.Д.

Пумпи во корито за отпадни води во Вруток можна причина за над 1.000 гостиварци да завршат во болница

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Илјада луѓе побараа лекарска помош, водата во Гостивар забранета за пиење

Kristina Kuzmanovski

Иран предупреди: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Земјотрес Мексико: Се нишаат згради и рафтови во продавници, жителите во страв ги напуштаат домовите

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе