Вести Македонија Најважни

Влегуваме во влада ако имаме гаранции за мнозинство до 80 пратеници-Алијанса на понудата одговара со услов

Неофицијалната покана за влез во Влада ке ја прифатиме само за сериозна борба против корупцијата и ако постојат шанси дека можат да се обезбедат 80 пратеници за уставните измени.

Алијанса за албанците се поблиску до Илинденска број 2.

Зеленотто светло за Телма скромно го потврди претеседателот на партијата Арбен Таравари за Телма, но финалната одлука ќе се носи во сабота. Органите на партијата треба да го дадат гласот.

„Трето, најважен интерес на граѓаните е земјата да успее да ги направи уставните измени и да почнеме преговори со ЕУ. Ако добиеме имформации од другите партии на власт дека постои можност за обезбедување на 80 гласови тогаш треба да им дадеме шанса на уставните измени и преговорите со ЕУ. Цениме дека со такво мнозинство ке придонесеме полесно да се убедат и пратеници на ВМРО и целата партија да ги гласа уставните измени. Доколку нема такви шанси тогаш не гледаме причина зашто да бидеме дел од власта,“ вели за Телма претседателoт на Алијанса за албанците, Арбен Таравари

Ние излеговме со пакет мерки за борба против корупцијата и криминал кои метастазирале во сите институции и ова ќе биде прва тема која треба да се разговара за евентуален договор, диктира Таравари кон Ковачаевски. Мицковски, пак, не само што не се приклучува на идниот фронт во собранието за уставни измени, туку реагира дека власта врши притисоци на оние пратеници од мнозинството кои сакаат предвремени избори.

Кој води а кој кочи со одговор од Бихачка за Мицковски.

„На почеток на оваа година, токму на Божиќ, Мицкоски изјави дека на крај на јануари ќе собере 61 пратеник и ќе се случи распуштање на Собранието. Еве, дојде крај на јануари нема ништо од неговите најави, нема распуштање на Собрание, Мицкоски го излажа народот. Затоа кога очигледно нема ни близу 61 пратеник за распуштање на Собранието, Мицкоски мора да пласира нови лаги, за наводни притисоци врз пратеници,“ се наведува во реакција на СДСМ

Засега едно е сигурно, доколку Алијанса за албанците даде зелено светло ќе понуди лојални осум пратенички гласови, но што ќе добие за возврат е пазар кој ќе следи по одлуката во сабота.

Претходно пазар за влез во влада направи Алтернатива

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Падна Ветерницата на познатото париско кабаре Мулен Руж

Дејан Дејан

Стотина приведени на протест во Ереван поради разграничувањето со Азербејџан

Дејан Дејан

Ирански рапер осуден на смрт заради поддршка на протестите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе