Вести Македонија Топ вести

ОЈО: По осуденото лице се трага под сомнение дека сторило кривично дело – обид за убиство на службено лице

Издадени наредби за расчистување на бегство на осудено лице од КПУ „Идризово“ 13 ЈАН 23 Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје во текот на ноќва и утринава издаде повеќе наредби и насоки со цел расчистување на настанот во кој при бегство на осудено лице од КПУ „Идризово“ – Скопје беше повреден еден припадник на затворската полиција, соопштуваат од Обвинителството.

Од каде велат дека по осуденото лице се трага под сомнение дека сторило кривично дело – обид за убиство на службено лице.

  • Повредениот припадник на затворската полиција е задржан на лекување, додека останатите тројца кои го спроведувале осуденото лице и нивниот сменски командир се задржани во полициска станица. Дополнително уште неколку лица се повикани да дадат свој исказ во полициска станица за целосно испитување на настанот. Со цел да се утврди дали во конкретниот случај се испочитувани законските процедури дали евентуално има основи за сомнение за кривично дело – противзаконито ослободување на лице лишено од слобода од член 373 од Кривичниот законик, јавниот обвинител веднаш нареди да се обезбедат снимки од видеонадзорот во КПУ „Идризово“ – Скопје, како и листинзи од мобилните телефони на службените лица. Од Управата за извршување санкции е побарано да изврши вонреден надзор врз почитувањето на затворските процедури. За настанот е известен јавен обвинител од Одделението за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, соопштуваат од Обвинителството.

Управата за извршување на санкции во вонреден надзор во КПУ Идризово- дали постои одговорност  за организацијата на спроведувањето на осуденикот?

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе