Вести Македонија Најважни

Управата за извршување на санкции во вонреден надзор во КПУ Идризово- дали постои одговорност  за организацијата на спроведувањето на осуденикот?

Управата за извршување на санкции информира дека бегството на затвореникот осуден на 21 година затвор, се случило на автопатот кон Скопје кај бензиската пумпа на Лукоил, кога службеното возило било пресретнато од возило марка ,,ауди” со сива боја без регистерски таблички кое  им го блокирало патот.

„Вчера вечер околу 23.20 часот при спровод на осуденото лице Б.М (36) од КПУ Идризово во Ургентниот  центар ,,Мајка Тереза“ поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пимпа на Лукоил, службеното возило било пресретнато од возило марка ,,ауди” со сива боја без регистерски таблички кое  им го блокирало патот. Осуденото лице во тој момент му го одзел службениот пиштол од футрола на  затворскиот полицаец И.Х кој го возел комбето, пукал во него и го повредил во долниот дел на стомакот“, соопштуваат од Управата за извршување на санкции.

Во тој момент повредениот возач го запрел возилото, а осуденото лице  се дало во бегство со патничкото возило ,,ауди”. Повредениот затворски полицаец е префрлен во болница. А издадена е наредба за распишување на централна потерница.

Управата за извршување на санкции ќе направи вонреден надзор во КПУ Идризово и за сите утврдени неправилности ќе преземе соодветни мерки со цел да се утврди зошто не била обезбедена полициска асистенција за спровод до болница. Воедно, ќе се утврдува дали постои одговорност  за организацијата на спроведувањето на осуденикот како и за пропустите кои довеле до ваква разврска на целиот настан.

Осуденото лице Б.М од Тетово бил осуден на вкупна казна од 21 година затвор , од кои 19 за убиство и  2 за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.Казната ја издржува од 28.12.2020 година а истекува на 17.04.2040 година.

МВР: При спровод од Ургентен до Идризово осуденик му го одзел пиштолот на возачот и пукал во него, па избегал со ауди

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе