Вести Македонија Топ вести

Заканите за бомбите стигале од ИП адреси во Швајцарија и Калифорнија, сомнежите се дека лажните заканувачи сепак се од Македонија- детали од истрагата

Според информации на Телма, истрагата за лажните закани за поставени бомби во скопските средни училишта, стигнале до Швајцарија и американската држава Калифорнија.

ИП адресите од кои стигале заканите биле во Швајцарија и Австрија, по што МВР барала помош од швајцарските колеги кои им испратиле сите побарани информации. Адресата од која вчера била испратени мејлови до 5 училишта е [email protected].

Courvix е интернет веб сајт преку кој може да се отворат мејлови, но исто така има и бесплатна услуга за VPN која служи за пренасочување од вистинската IP адреса. Односно со користење на VPN може да се сокрие IP адресата, па доколку испраќачот користи компјутер поврзан на интернет во Македонија, со VPN може да се прикаже дека е од друга држава или континент.

Првичното откритие на истрагата е дека вчерашната закана за 5 училишта (АСУЦ, Никола Карев, Орце Николов, Јосип Броз и Корчагин) стигнала од IP адреса во Швајцарија во заеднички мејл до службените електронски адреси на училиштата.

За останатите три средни училишта, пораките вчера стигнале од ИП адреса во Австрија. Но, бидејќи станува збор за VPN сервис на кој е отворен електронски мејл, можно е да не станува збор за тие држави туку за пренасочена и прикриена вистинска ИП адреса.

Сомнежите се уште се дека станува збор сепак за домашни заканувачи, а полицијата истражува повеќе мотиви за лажната закана.

Денешните закани, кои се покажаа како лажни стигнале од многу поефикасен мејл сервис. Групна порака испратена до повеќе училишта (Марија Кири-Аеродром, Орце Николов, Никола Карев и други) стигнала од мејлот [email protected] кој според првичните сознанија е пратен преку IP адреса во Калифорнија, САД.

Бидејќи станува збор за gmail, каде што за отворање треба да се остават повеќе податоци, но и серверот на Гугл полесно ги забележува параметрите на мрежата и адресата на корисникот на определен налог, истрагата треба да биде поефикасна и побрза.

Од МВР засега не откриваат никакви официјални детали за текот на истрагата освен што потврдуваат дека се откриени ИП адреси во странство на испраќачите.

Миомир Серафиновиќ

Спасовски во Вин-Вин: Заканите за поставени бомби во училиштата се монструозен чин – ги знаеме мејловите и од каде се пратени

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе