Вести Македонија Топ вести

Спасовски во Вин-Вин: Заканите за поставени бомби во училиштата се монструозен чин – ги знаеме мејловите и од каде се пратени

Во најмала рака дојавите за поставени бомби во скопските средни училишта се чин кој е монструозен и веројатно е дел од хибридните напади на кои сме изложени како држава, изјави во вечерашното издание на „Вин Вин“ со Оливера Трајковска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Ќе се анализираат причините и ќе дознаеме зошто е тоа така. Дали се политички, дали се геостратешки, можеби и бизнис причини. Во оваа фаза ние практично ги знаеме мејловите. Знаеме од каде се пратени. Ги знаеме точните податоци во оваа насока и на тоа работиме интензивно. И ние и заедно секако со нашите партнерски служби. Се со цел да дојдеме до сторителот “ – изјави Спасовски.

Очигледно е дека имаме еден атак, додаде Спасовски, посочувајќи дека тоа се случувало и во опкружувањето, но тоа не значи дека не треба да се спроведува интензивна истрага, пред се заради вознемиреноста и неспокојот кај децата, наставниот кадар во училиштата, но секако и кај родителите на учениците.

„Сите капацитети кои ни стојат на располагање и човечки и материјално-технички, се ставени во функција и од државата и секако сите капацитети кои што можат да ни ги понудат нашите партнери ќе бидат ставени во функција, без разлика која е причината и природата на заканата.“ – порача Спасовски во Вин-Вин.

Според министерот за внатрешни работи, заканите за поставени бомби само ја потврдуваат важноста на заштитата од сајбер-криминалот.

Заканите за бомбите стигале од ИП адреси во Швајцарија и Калифорнија, сомнежите се дека лажните заканувачи сепак се од Македонија- детали од истрагата

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе