Вести Свет Топ вести

Над 1.250 уапсени на протестите во Русија

Руските сили за безбедност ги задушија синоќешните протести организирани од опозицијата и активистите кои избија како одговор на најавите на рускиот претседател Владимир Путин дека земјата ќе изврши делумна мобилизира на 300 илјади војници од резервниот состав за потребите за војната во Украина.

За време на протестите кои се одржуваа во 38 града ширум земјата уапсени се над 1.250 лица, најмногу во Москва и Санкт Петерсбург.

Претходно Московското обвинителство ги потсети жителите дека учеството во протести и неодобрени „масовни настани“ е казниво дело што може да резултира со „затворска казна до 15 години“.

Откако руските власти вчера најавија дека со законски измени ќе се воведе 3-годишна затворска казна за оние кои ќе одбијат да ја прифатат воената служба русите прибегнаа кон масовно резервирање на авионски билети за да ја напуштат земјата.

Светските медиуми забележаа и дека летовите на двата европски превозници кои се уште летаат од Москва, Ер Србија и Туркиш Ерлајнс се распродадени во следните неколку дена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

НП Шар Планина: Почна демонтажа и изнесување на цевководите од малите хидроцентрали „Пена 84“ и „Пена 85“ од долината на Лешница

Sasko Dimovski

Сета медицинска документација и фискални сметки за постапка за надомест на штета – правни механизми пред гостиварци кои може да поднесат и приговори за јунските фактури за вода

Sasko Dimovski

(Видео) Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, чадот стигна до автопатот – интервенираат „ер трактори“

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе