Украинскиот нуклеарен оператор Енергоатом денеска повторно ја обвини Русија за гранатирање на локации непосредно околу нуклеарната централа Запорожје.
Во соопштението на операторот објавено на Телеграм се вели дека во бомбардирањето бил оштетен далновод, што предизвикало застој на неколку трансформатори на реакторот број шест и краткотрајно стартување на единицата за итни случаи.
Енергоатом апелираше до МААЕ да преземе „порешителна акција“ против Москва.
Најголемата нуклеарна централа во Европа подолго време е на линија на огнот и во повеќе наврати беше погодена од гранати и ракети.
Завојуваните страни Русија и Украина си ја префрлаат одговорноста додека светот стравува од нуклеарна криза на европското тло најголема по онаа од Чернобил во 1986 година.
