Вести Свет

Многу предизвици за жителите на ослободениот Украински град Изјум – пред зимата немаат струја, греење ниту гас

Изјум, градот во источна Украина, беше меѓу првите градови освоени од русктие сили по почетокот на војната на 24-ти феверуари а потоа стана и команден центар за окупационите сили.

До почетокот на март, градот беше речиси целосно изолиран – без пристап до мрежата на мобилна телефонија, без греење, без електрична енергија. Жителите немаа начин да знаат што се случува и како се одвива војната, дали нивните роднини се живи, дали се уште постои независна Украинска власт во Киев.

Изјум беше освоен или ослободен во текот на Украинската контраофанзива на 10-ти септември, но 10 дена подоцна неговите жители се уште се во шок и траума по шестмесечната окупација.

Ќе поминат месеци, ако не и подолг временски период, пред Изјум да има стабилно снабдување со електрична енергија, гас и вода за пиење а времето веќе се менува и студот доаѓа.

„Немаме греење, ниту гас. Немаме ништо. Земаме дрво за да загрееме вода за чај и да направиме овесна каша. Погледнете ми ги рацете. Имам 75 години“ – вели Олександра Лисенко, жителка на Изјум.

Во Изјум се потврдуваат и вестите за ужасите на војната. Гробиште со безживотните тела на повеќе стотици убиени луѓе беше откриено минатата недела во шума во северните предградија на градот а истражните органи кои ги откопаа посмртните останки започнаа со мачниот процес за идентификација на жртвите.

Украинските власти тврдат дека на локацијата се пронајдени телата на најмалку 440 луѓе.

Според претседателот на државата, Володимир Зеленски, на телата на убиените луѓе биле пронајдени докази за измачување на жртвите, при што на голем дел од нив рацете им биле врзани зад грбот кога биле убиени.

Русија, како и во случајот на убиените и измачувани цивили во градот Буча, северно од Киев, негира одговорност за убиствата во Изјум, тврдејќи дека станува збор за лага и конструкција. Украинскиот лидер Зеленски тврди дека контраофанзивата на нивната војска ќе продолжи и во наредниот период , при што целта е целосно ослободување на окупираните територии.

Чешкото претседателство со Европската унија повика на формирање на специјален меѓународен трибунал за истражување на злосторствата и казнување на одговорните лица.

Полска и трите балтички држави, Естонија, Летонија и Литванија усогласија и заеднички регионален пристап, кој стапи на сила вчера со кој формално им го забрануваат влезот на руските граѓани на нивната територија и со самото тоа во европската шенген зона.

Естонската премиерка оцени дека дел од руските посетители доаѓаат со цел да ја загрозат безбедноста на нивните земји и затоа се принудени да ја донесат оваа одлука.

Никола Илиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сета медицинска документација и фискални сметки за постапка за надомест на штета – правни механизми пред гостиварци кои може да поднесат и приговори за јунските фактури за вода

Sasko Dimovski

(Видео) Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, чадот стигна до автопатот – интервенираат „ер трактори“

Kristina Kuzmanovski

Не споделувајте лични податоци и броеви на банкарски картички – МВР со предупредување до граѓаните за нов бран на лажни пораки за „Безбеден град“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе