Вести Свет

Еден македонски и двајца косовски државјани планирале ликвидација на Љуљзим Баша

Откако хакерите ги нападнаа полициските сиетеми објавено е дека еден македонски и двајца косовски државјани во 2017 година се подготвувале за ликвидација на тогашниот лидер на опозициската партија Љуљзим Баша.

-Македонскиот државјанин е А.М.(63) жител на Гостивар. Од 1998 година бил вработен во гостиварската полиција во криминалистичко-техничко одделение. Станува збор за лице кое се занимавало со нелегални активности на трговија со дрога и е познат како личност која е подготвена да направи се за пари, пренесуваат медиумите.

Вториот осомничен е А.И.(41) од Приштина, познат по прекарот „Јапонија“. Радикален практичар на исламската религија, поранешен џихадистички борец во Сирија и поврзан со радикални елементи кои се бореле во Сирија. Тој е познат како личност со висок ризик. Уапсен е во јануари 2016 година, откако на патот кон манастирот Дечани бил затекнат со униформа и оружје, заедно со лицата Албан Кељменди од Феризај (Урошевац), Кујтим Курти од Ѓаковица и неговиот сограѓанин Куштрим Рама.

Третиот е Ф.Г. од Косово, осомничен дека е вмешан во обидот за атентат врз А. М од Драч во 2010 година, поради натпревар поврзан со коцкање во Урошевац.

Медиумите потсетуваат дека во април 2017 година поради заканата по живот на Баша му било одредено обезбедување од припадници на Националната гарда, која била одговорна за неговата физичка заштита.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сета медицинска документација и фискални сметки за постапка за надомест на штета – правни механизми пред гостиварци кои може да поднесат и приговори за јунските фактури за вода

Sasko Dimovski

(Видео) Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, чадот стигна до автопатот – интервенираат „ер трактори“

Kristina Kuzmanovski

Не споделувајте лични податоци и броеви на банкарски картички – МВР со предупредување до граѓаните за нов бран на лажни пораки за „Безбеден град“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе