Вести Свет

Афера со препродажба на гас во Хрватска: Украдени 133 милиони евра, парите криени на сметка на пензионер, осомничени директорот на ИНА и претседателот на адвокатската комора

Хрватската полиција и специјализираното обвинителство УСКОК денеска реализираа голема акција во која се уапсени повеќе осомничени од висок профил. Станува збор за осомничени кои купувале поефтин природен гас од хрватската компанија ИНА и потоа го препродавале за многу поскапа цена.

Меѓу приведените се Дамир Шкугор, директор на отсекот за природен гас во ИНА, претседателот на хрватската адвокатска комора Јосип Шурјак и неговиот бизнис партнер Горан Хусиќ кој е сопственик на фирмата преку која се одвивала препродажбата на гасот во време на глобалната криза.

Новинарите во Хрватска го нарекоа скандалот „Плинска хоботница“ (Гас-октопод) поради огромната сума од околу милијарда куни колку е оштетена државната компанија ИНА. Штетата во евра изнесува околу 133 милиони евра.

Кај осомничените на различни сметки, во инвестициски фондови и во недвижности се откриени и запленети околу 800 милиони куни, а истрагата смета дека со нелегашната шема заработиле околу 60-тина милиони евра за за година и пол.

Криминалот е откриен откако кај пензионер (татко на првоосомничениот Шкугор) се најдени огромни суми на сметката на која ја добивал пензијата. Даночната управа ги известила обвинителите кои набргу откриле за што станува збор, по што прво го „замрзнале“ имотот и денеска ја отпочнале акцијата во Загреб, Сплит, во Винковци и на островот Хвар.

Покрај бизнисмени и пензионери како осомничен кој го прекршува законот се најде и првиот хрватски адвокат, Јосип Шурјак кој е претседател на хрватската адвокатска комора. И тој е приведен, а сите осомничени ќе чекаат до утре за судска одлука за притвор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сета медицинска документација и фискални сметки за постапка за надомест на штета – правни механизми пред гостиварци кои може да поднесат и приговори за јунските фактури за вода

Sasko Dimovski

(Видео) Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, чадот стигна до автопатот – интервенираат „ер трактори“

Kristina Kuzmanovski

Не споделувајте лични податоци и броеви на банкарски картички – МВР со предупредување до граѓаните за нов бран на лажни пораки за „Безбеден град“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе