Вести Македонија Топ вести

Фирми,хотели,акции, деловен простор – дел од 32 милиони евра вредниот имот кој судот му го замрзна на Мијалков

32 милиони евра тежи имотот, акциите и уделите кои што му се запленети или замрзнати на екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков во рамките на истрагата „Империја“ а поради сомниние дека се стекнати на криминален начин или со пари од криминални активности.

Она што е познато е дека со оваа мерка е опфатен хотелот „Мериот“, куќата во која живее Мијалков на улицата „Салвадор Аљенде“ која своевремено беше седиште на „Ексико“, удели во „Дивелоп груп“ на Александар Ивановски- Алек Тера Нова, една третина од „Бест веј инвестментс“ каде сопственик е неговиот син Јордан и деловен простор вреден околу 1.7 милиони евра кој сеуште е во изградба а се наоѓа на плоштадот во Скопје веднаш до хотелот „Мериот“.

Двете фирми  “Дивелоп груп” и Бест Вејт Инвестмент” за чиј имот од 15 април има судска забрана да се отуѓува се поврзани преку сопственички удели или одговорни лица со уште неколку фирми. Станува збор за „Макс Бет“ ланецот обложувалници, „ОМ петрол оил“ „Капитал пропрети“ и „Хотел Гранд М“ но мора да се напомене дека за ниту една од овие фирми засега, според официјалните достапни податоци, нема забрана за отуѓување, односно имотот не е замрзнат.

Замрзнат имот поврзан со Сашо Мијалков:

Во случајот Империја, замрзнат со забрана за располагање и отуѓување е удел на Ексико во Стопанска банка-Битола односно над 7.000 акции со вкупна вредност од 350 илјади евра.

Во истот случај замрзнат е дел од имотот и на обвинетиот Орце Камчев.

Замрзнат имот поврзан со Орце Камчев:

Во случајот „Империја“ е определена мерка забрана за располагање и отуѓување (замрзнување) на удели во 9 фирми, во кои основач е Орка холдинг. Еден од уделите е околу 3 милиони евра, а останатите 8 се со пониска вредност. Акции во сопственост на фирми на Орце Камчев во ЗИК Пелагонија и во Стопанска банка Битола се замрзнати и под хипотека на државата како гаранција за пуштање на Камчев од притвор.

Истрагата во случајот „Империја“ е пред самиот финиш и се очекува обвинтелката Лиле Стефанова до крајот на идниот месец да го поднесе обвинителниот кат.

Она што е познато е дека покрај Мијалков и Камчев осомничени се уште единаесет лица а во меѓувреме истрагата е проширена и опфаќа уште неколкумина кои се поврзани со стечајот на медиумската групација „МПМ“

Вчера беше донесена пресудата во случајот „Плацеви на Водно“ со која на експремиерот а сега бегалец, Никола Груевски, му зе запленува имот вреден околу три милиони евра.

Станува збор за двата стана на улицата Бихаќка, три стана во комплексот Панорама како и плацевите на Водно и во Крушево каде тој планираше да гради.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе