Вести Македонија

Украдено масло од канабис од магацин на фирма во стечај, активистите бараат итна декриминализација

Педесетина литри масло од канабис и неколку кеси со канабис се украдени од магацин на фирма за производство на медицински канабис на која и е одземена лиценцата за работа и е во стечај.

Станува збор за „5 летерс“  чиј погон и магацин се во селото Алдинци а кражбата е извршена во периодот од понеделник попалдне до вторник наутро.

Според официјалните полициски информации каржбата е пријавена вчера околу пладне од раководителот на агенцијата која го обезбеудвала објектот а пријавено е дека се украдени 108 шишиња полнети со различна количина на масло од канабис и 6 кеси со цветови од канабис чија тежина не е прецизирана.

Според информациите на ТЕЛМА, магацинот го обезбедувала фирмата „НИКОБ“, а стечајниот управик на „5 летерс“ Ацо Дамчевски не беше расположен за изјава околу начинот на кој се складирал и чувал продуктот во оваа фирмас која сега е државна сопственост.

А „5 летерс“ е првата фирма за производство на медицински канабис на која во февруари минатата година и беше одземена лиценцата бидејќи од истиот магацин беа украдени 60 килограми канабис вреден околу 100 илјади евра а потоа во контрола беа откриени неколку стотици килограми канабис кои не беа пријавени кај надлежнитре инспекции и најверојатно требаше да завршат на црниот пазар.

Погонот на „5 летерс“ има нов сопственик но не и магацинот и продуктите во него кои сеуште се стечајна маса.

Во Македонија се издадени 56 лиценци за одгледување на медицински канабис,10 чекаат на одобрување, вложени се речиси 800 милиони евра во овој бизнис како од домашни такаи од странски субјекти, а илјадници литри масло и десетици тони канабис стојат со месеци во магацините како во оној на ограбената „5 летерс“.

А декриминализацијата на употребата на канабис која ја бараат граѓанските активисти и која пред секој изборен циклус е трема за поткусуравање меѓу партииите чека на амин во Владата.

Работната група се нема состанато од август минатата година и процесот на носење на законски измени е закочен.

Членовите на неколку граѓански здруженија обединети во „Операција Ослободување“ чии претставници има во работната група на Владата бараат итно деблокирање на работата како и средба со премиерот Ковачевски и министерот за правда Тупанчевски.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сета медицинска документација и фискални сметки за постапка за надомест на штета – правни механизми пред гостиварци кои може да поднесат и приговори за јунските фактури за вода

Sasko Dimovski

(Видео) Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, чадот стигна до автопатот – интервенираат „ер трактори“

Kristina Kuzmanovski

Не споделувајте лични податоци и броеви на банкарски картички – МВР со предупредување до граѓаните за нов бран на лажни пораки за „Безбеден град“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе