Вести Македонија

Заврши процесот за малата Тамара – за седуммина лекари застари делото, за директорите на ФЗОМ обвинителството не нашло докази

Обвинителството одлучи да не ги гони екс директорите на Фондот за здравствено осигурување за случајот со смртта на девојчето Тамара Димовска од Велес. Обвинителот Анел Фидовски ги искористи завршните зборови, и рече дека нема докази за злоупотреба на службената положба за обвинетите Маја Парнаџиева, Елена Трпковска и Џемали Мехази како директори на Фондот во тоа време. За останатите деветмина обвинети доктори кои во тоа време беа членови на комисиите во Фондот и одлучуваа за лекувањата во странство исто така го преиначи делото и се откажа да ги гони докрај за несовесно работење во службата. Со ова преиначување  делото застарува па на Кривичниот суд му останува само да донесе решение дека предметот се затвора.

Потегот на обвинителството го осуди мајката на девојчето. Нивните потписи одзедоа човечки живот. Очекувавме малку правда, рече со емоции во судницата Жаклина Димоска.

Во куси завршни зборови пред судот жалање изразија и лекарите од прво и второстепната комисија, но одново повторија дека не сториле кривично дело и дека за секој пациент се грижеле еднакво. Нивната одбрана очекувала и за нив да се отфрли обвинението иако сега нема да се соочат со одлука на судот.

Случајот предизвика огромно внимание во јавноста откако 8 годишното девојче почина во 2015 та година додека во меѓувреме се водеше процедура за да му биде одобрено операција во странство поради тоа што боледуваше од сколиоза. Домашните здравствени институции се изјаснија дека операцијата не може да се изведе во земјава па се чекаше одобрување за да се лекува на државна сметка во некоја од болниците во странство. Кривичната пријава по смртта на Тамара Димовска ја поднесе Хелсиншкиот комитет за човекови права заедно со мајката Жаклина Димовска, а во неа беше опфатен и тогашниот Министер за здравство, Никола Тодоров. Обвинителството ја прифати пријавата против сите доктори и директорите освен против Тодоров. Процесот се водеше речиси пет години, а имаше и една осудителна пресуда за одвоеното судење на претседателката на управниот одбор Елена Трпковска. Ја осуди условно една година затвор ако во рок од три години не стори ново кривично дело, но апелациониот суд наложи да се повтори процесот. Сега Хелисншки комитет реагира дека обвинителството ја спречило правдата на Тамара, а тие и понатаму ќе се борат за правда во овој случај и ќе поднесат апликација пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Павле Беловски

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сета медицинска документација и фискални сметки за постапка за надомест на штета – правни механизми пред гостиварци кои може да поднесат и приговори за јунските фактури за вода

Sasko Dimovski

(Видео) Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, чадот стигна до автопатот – интервенираат „ер трактори“

Kristina Kuzmanovski

Не споделувајте лични податоци и броеви на банкарски картички – МВР со предупредување до граѓаните за нов бран на лажни пораки за „Безбеден град“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе