Сојузот на синдикати на Македонија ги повикува сите работници да се приклучат на протестот најавен за 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот поради неусогласувањето на останатите плати со минималната плата. Од ССМ денеска посочија дека повеќе од 700.000 работници во државата се директно засегнати од потребата за зголемување на нивните плати.
Од ССМ бараат линеарно зголемување на платите за најмалку 2.806 денари во нето износ во јавниот и во приватниот сектор од 1 мај годинава.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
