Сопствениците на приватни шуми, пасишта и земјоделско земјиште три часа го блокираа регионалниот пат Берово-Делчево. Револтирани се што нивните приватни недвижни имоти се опфатени во заштитеното подрачје „Малешево“.
Жителите на Малешевскиот регион веќе четврти месец не можат да ги работат своите ниви, ниту пак да сечат од својата шума за огрев и производство на дрвена граѓа.
Според Малешевци во заштитеното подрачје се околу 11.000 хектари шума, од кои 70 % се во приватна сопственост.
Од подружницата на ЈП Македонски шуми велат дека проблемот настанал по Нова година,а пред два дена донесена е одлука сопствениците на приватни шуми да почнат со сечата.
Но според жителите на Малешевијата ова е привремено решение, тие ќе продолжат со барањето да се тргне нивниот регион од заштитени подрачја. Барањата ќе ги упатат до локалниот Совет, но и до Владата, доколку не им се исполни барањето ќе продолжат со протестите.
Викторија Јованова
