Вести Македонија Топ вести

Протестираа 13.000 вработени во државната администрација, не работеа од 10 до 12 часот- УПОЗ обвини и за притисоци

Од 10 до 12-часот- 13.000 вработени во  државната администрација во земјава не работеа, туку протестираа пред институциите. Револтирани се од игнорантскиот однос на владата. Бараат ниту една плата да не биде под минималната од 18.000 денари како и усогласување на останатите плати. Или од хигиеничарка до директори, министри, судии, претседател на држава –сите да добијат по 2.806 денари. Обвинија и за притисоци.

Револтирани се дека додека минималната и просечната плата во земјава растеле- тие во изминатите десет години, не добиле речиси ништо.

Владата пак контра синдикалците.за премиерот Ковачевски,не било добро прво да се најави протест, па потоа  да се преговара под притисок.Вели платите треба да се зголемат, но не  наеднаш оти може да предизвика инфлација.

Граѓаните пак кои дојдоа да завршат некоја работа во институциите- наидоа на затворени врати. Велат платите треба да растат- но не се задоволни од работата на администрацијата.

Протестот на вработените во државната администрација продолжува и утре. Институциите нема да работата исто од 10 до 12 часот. Од синдикатот на УПОЗ велат – ако Владата продолжи да ги игнорира –  ќе го прашаат членството во каква форма ќе го изразат револтот понатаму. Испратија и порака – дека  ниту еден вработен не смее да биде казнет за тоа што протестирал.

Александра Филиповска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сета медицинска документација и фискални сметки за постапка за надомест на штета – правни механизми пред гостиварци кои може да поднесат и приговори за јунските фактури за вода

Sasko Dimovski

(Видео) Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, чадот стигна до автопатот – интервенираат „ер трактори“

Kristina Kuzmanovski

Не споделувајте лични податоци и броеви на банкарски картички – МВР со предупредување до граѓаните за нов бран на лажни пораки за „Безбеден град“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе