Вести Македонија

Судскиот совет денеска разреши 5-мина судии меѓу кои и некогашниот в.д. претседател на скопскиот кривичен суд Стојанче Рибарев

Рибарев е разрешен поради тоа што правел малверзации со АКМИС системот односно исклучил неколку судии од компјутерскиот систем со тоа што тие судии не можеле да бидат бирани на предмети на СЈО во времето кога истекувал рокот на специјалното обвинителство за покренување на постапки.

Претходно беше прифатена жалбата на Рибарев за разрешување и неговата постапка беше вратена во судскиот совет, а денеска во втор степен беше потврдено за конечно неговото разрешување. Рибарев беше назначен привремено на местото на Владимир Панчевски кој пак веќе е осуден за злоупотреби на АКМИС. Во втор степен, без право на жалба се разрешени и штипските апелациони судии Сузана Здравева и Зоранчо Мицевски. Здравева водела судска постапка на странка застапуван од адвокатска канцеларија во која работел нејзиниот син. Мицевски како претседател на штипскиот Апелационен суд не ја изземал судијката Здравева од предметот поради недозволените семејни врски на судија и адвокат. Двајца основни судии од Штип и Тетово се разрешени денеска, но имаат право на жалба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сета медицинска документација и фискални сметки за постапка за надомест на штета – правни механизми пред гостиварци кои може да поднесат и приговори за јунските фактури за вода

Sasko Dimovski

(Видео) Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, чадот стигна до автопатот – интервенираат „ер трактори“

Kristina Kuzmanovski

Не споделувајте лични податоци и броеви на банкарски картички – МВР со предупредување до граѓаните за нов бран на лажни пораки за „Безбеден град“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе