Во Србија се одржаа претседателски и парламентарни избори на кои шефот на државата Александар Вучиќ се очекува да го добие својот втор последователен мандат, а неговата Српска напредна партија (СНС) да ја започне втората деценија на власт.
Резултатите се пребројуваат во живо на веб-страницата на Републичката изборна комисија.
Вучиќ убедливо води и на претседателските и на парламентарните избори.
По обработката на 90 отсто од гласовите, Вучиќ падна под 60 отсто од гласовите. Секако, сепак е убедлива победа, но сега веќе е видлив трендот на намалување на нови гласови.
Вучиќ сега има 59,7 отсто од гласовите.
