Вести Свет Топ вести

Лондон: Русија ја зголеми воздушната активност во југоисточна Украина

Министерството за одбрана на Велика Британија ги објави најновите разузнавачки информации за војната во Украина.

Во извештајот на британското Министерство за одбрана се наведува дека изминатата недела Русија ја зголеми воздушната активност во југоисточна Украина.

Но, Украина „пружа значителен предизвик“ за руските воздушни и ракетни операции.

– Руските авиони сè уште ранливи на кратките и средните системи за воздушна одбрана“.

Како резултат на нивната „неспособност да пронајдат и уништат системи за противвоздушна одбрана“, напорите на руските сили да ја преземат контролата над воздушниот простор се „сериозно отежнати, наведува британското Министерството за одбрана.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во вечерашното обраќање до нацијата изјави дека целта на руските сили е да го заземат источниот и јужниот дел на земјата.

Тој и се пожали дека западните држави не обезбедиле доволно противракетни системи за Украина.

Зеленски ги пофали силите кои го бранат опколениот пристаништен град Мариупол, бидејќи „ нивниот отпор им овозможува на другите градови да добијат драгоцено време“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Празни најави на Мицкоски за случајот во Гостивар, време е да се се преземе одговорност

Igor Trajkov

Мицкоски за случајот во Гостивар: Одговорност ќе има, јавноста ќе добие одговор што се случило

Igor Trajkov

47-ми „Марш на ангелите“ – пораки до институциите кои потфрлиле да ги заштитат младите животи

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе