Вести Најважни Свет

Спречен атентат врз Зеленски – Чеченски специјалци се обиделе да го убијат

Украинските власти соопштија дека уништиле елитна група чеченски борци кои планирале да го убијат претседателот Владимир Зеленски, пишува денеска британски „Дејли мејл“.

Секретарот на Украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Алексеј Данилов, во денешното телевизиско обраќање рече дека „единицата што дојде да го убие нашиот претседател е елиминирана“.

„Обидот за атентат е спречен“, изјави Алексиј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана.

 

Претходно Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченија, изјави дека Чеченци биле убиени во рускиот напад на Украина.

„Веќе сме запознаени со специјалната операција што требаше да ја изврши единицата на силите на Кадиров“, изјави Данилов на ТВ каналот „Украина 24“, а пренесува британски „Мирор“.

„Добивме информации од претставници на руската Федерална служба за безбедност кои не сакаат да учествуваат во оваа крвава војна. Единицата на силите на Кадиров, кои дојдоа да го убијат нашиот претседател, е елиминирана“, рече Данилов.

Тој рече дека единицата е поделена во две групи и дека нивното движење внимателно се следи.

„Тие беа поделени во две групи, ние ги следевме. Едната група беше под оган од украинските сили во близина на Хостомел, додека другата група се уште е под надзор“, рече Данилов.

Тој рече дека Украина нема да го даде својот претседател никому.

„Никому нема да го дадеме нашиот претседател или нашата држава. Ова е наша земја, бегајте одовде“, рече Данилов.

Според „Дејли мејл“, од почетокот на рускиот напад врз Украина на 24 февруари, постоеле стравувања дека руските сили би можеле да го убијат претседателот Зеленски, а самиот украински претседател во едно обраќање рекол дека тој е „мета број еден за Атентатори од Кремљ“.

„Јас сум цел број еден, а мојата сопруга и децата се цел број два“, рече Зеленски минатата недела.

 

Путин испраќа 400 платеници во Киев за да го убијат Зеленски, пишува Тајмс

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп бара половина од рудното богатство на Украина за да почнат заеднички бизнис-Telegraph објави детали од американската понуда

Дејан Дејан

Украина, но и нормализација на односите меѓу Москва и Вашингтон – Лавров и Ушаков пристигнаа во Ријад

Дејан Дејан

(Видео/фото) Авион се урна при слетување во Торонто – најмалку осум повредени лица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе