Вести Македонија Топ вести

Филипче: Во 2022 година пет отсто зголемување на платите на сите вработени во здравството

Министерот за здравство Венко Филипче денеска одржа работен состанок со синдикалните здруженија на здравствените работници, на кој се потпиша анекс на колективниот договор, според кој, во годината што следува е предвидено да се реализира зголемување на платите за пет отсто за сите вработени во здравството. Вкупно 600 милиони денари се издвоени за оваа намена за 2022 година, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите четири години, како што се посочува, оваа Влада го врати достоинството на лекарите и медицинскиот персонал.

– Основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40 отсто, на медицинските сестри меѓу 20 отсто и 23 отсто, на општите лекари за 25 отсто, а на здравствени соработници за 15 отсто. Платите на лекарите специјалисти некаде се дуплирани. Го корегиравме коефициентот за дежурства. На младите колеги специјализанти им овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основна плата на општ лекар. Граѓаните заслужуваат најдобра медицинска нега, а здравствените работници достојни услови за вршење на нивната дејност, стои во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Празни најави на Мицкоски за случајот во Гостивар, време е да се се преземе одговорност

Igor Trajkov

Мицкоски за случајот во Гостивар: Одговорност ќе има, јавноста ќе добие одговор што се случило

Igor Trajkov

47-ми „Марш на ангелите“ – пораки до институциите кои потфрлиле да ги заштитат младите животи

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе