Вести Македонија Свет

Видео: Луѓе паѓаат од крила на авион во хаосот на аеродромот во Кабул каде досега најмалку 5-мина загинаа

На снимка објавена на твитер профилот на новинската агенција Asvaka се гледа како полетува воен авион и како од него паѓа човек кој за да избега од Кабул се качил на авионските крила.

Според досегашните информации на аеродромот во Кабул во хаосот кој владее има најмалку 5-мина загинати. Американските војници ја презедоа контролата, а во обид да ги отфрлат очајните Авганистанци од воените авиони со кои се евакуира персонал на амбасадата на САД, имало и истрели и употреба на огнено оружје.

Засега нема информации дали меѓу загинатите се застрелани луѓе, прегазени од стампедото кое се појавува при секое полнење на авион или пак од падот од авионите.

Луѓето се качуваат на крилата или на влезот во авионот каде може да останат и да се додржат со раце само до полетувањето на вионот и до првото забрзување на леталото по одвојување на пистата.

На фотографијата извадена од стравичното видео на Asvaka се гледа како човекот паѓа од авионот додека останатите Авганистанци го набљудуваат трагичниот инцидент без да може да му помогнат.

Стотици авганистанци рано утрово успеаја да ја пробијат заштитната ограда и периметарот на аеродромот во Кабул и да дојдат и до пистата од каде денеска полетуваат само воени авиони. Безуспешно се обидуваат да се качат на некој од авионите, а војската со оружје се обидува да ги растера.

Вкупно 75 македонски граѓани се во Авганистан, 25 веќе требаше да стигнат до Доха во Катар, а направен е и список на уште 25-мина македонци за транспорт со воен авион. Уште 25-мина македонски државјани се наоѓаат во воената база на самиот аеродром и главно станува збор за македонци вработени во неамерикански фирми кои се последни за извлекување.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се знаците за високиот шеќер во крвта?

Дејан Дејан

Армијата на Мали потврди: Командантот на ИСИС е мртов

Дејан Дејан

Две деца загинаа при израелски воздушен напад врз куќа во Рафа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе