Македонија Најважни

Почна извлекувањето на Македонците од Авганистан, 25-мина до сега полетале

Додека на пистата во Кабул се одвиваа тешки сцени на обид за бегство од талибанскиот Авганистан, 75 македонски државјани во различни околности се подготвуваат за евакуација. Со оние кои што разговаравме прво инсистираа на анонимност во страв за своите животи, но дадоа детали за моменталната состојба.

Се наоѓам со десетмина Македонци во воената база до аеродромот. Средуваме документи. Уште чекаме повик на евакуација. Засега предност имаат оние што работат за американски фирми и нив ги однесоа на терминал, за разлика од нас кои работиме за компании од други држави.  Безбедни сме, беа зборовите на млад македонец вработен во сектор за обезбедување на аеродромот.

Кога го потпрашавме што мисли под средување на документи, ни објасни дека се задолжени за уништување на доверлива документација поврзана со фирмата, нешто слично како што прават Американците во амбасадата во Кабул. Тој според проценките на МНР е еден од 25-те Македонци кои се во базата веднаш до аеродромот кој сега е во хаос и е под американска контрола. Министерот Бујар Османи тврди дека со сите фирми во кои има Македонци е контактирано и сите имаат планови за евакуација на своите вработени. Третина од вкупно 75-мина македонски државјани се во американски воен авион со дестинација Доха во Катар.

Сопруга на еден од Македонците кој од утрово е на аеродромот во Кабул ни рече дека по првичните одлагања веќе е ставен на список за лет, најверојатно во онаа втора група од 25-мина нашинци која ја спомнува Османи. Министерот пак посочи дека заедно со сојузниците од НАТО се упатува порака до талибанските сили, и до привремените власти во Кабул да преземат мерки и да не дозволат загуби на човечки животи. Потврди и дека се прави план за прифат на бегалци и цивили од земјата на средниот исток која сега е во целосна неизвесност по талибанскиот блиц-криг. Не е направен конечен план за бројка на бегалци и локација, но ќе се постапува согласно хуманитарното право, а веќе има најава за стигање на 6 жени и деца.

Премиерот Заев вчера најави дека државата ќе прими бегалци и цивили од кризниот Авганистан доколку постои потреба и барање пред тие да заминат во трети земји.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе