ВМРО ДПМНе ниту на денешната седница на Централниот комитет не потврди имиња на кандидати за градоначалници за град Скопје,, Карпош, Битола и КУманово. Седницата на Централниот комитет но се чека претседателот, или како што го нарекуваат во партијата, шефот Христијан Мицкоски, да ги објави имињата на фејсбук. Во меѓувреме, кандидатот за општина Брвеница, Јовица Илиевски, веќе самиот се пофали на социјалните мрежи. Претпладнево, коалициониот партнер, Солза Грчева, од „Глас за Македонија на социјалните мрежи се пофали дека, нивната кандидатка за општина Центар, Наташа Котлар, е потврдена и од ВМРО ДПМНЕ.
Веќе потврден кандидат за градоначалник на Охрид е Кирил Пецаков, а на Прилеп, Борче Јовчески. За град Скопје неофицијално најмногу шанси има Данела Арсовска, претседателката на Сојузот на стопански комори. Неофицијално, Орце Георгиевски ќе биде кандидат за Кисела Вода, Дарко Костовски за Бутел, а докторот Александар Стојковски во Ѓорче Петров. За општина Гази Баба кандидат ќе биде претседателот на локалниот општински комитет, Бобан Стефковски. Од партијата го повторија ставот дека се разботи за нови лица.
Од СДСМ, пак, најавија дека за околу една недела ќе завршат со процесот.
Социјалдемократите досега потврдија 35 кандидати, од кои најголемиот дел се и актуелни градоначалници. Меѓу нив не е и кандидатот за Прилеп, за каде досега е познато дека кандидатура до партиските тела поднесе поранешниот министер за транспорт и врски и ексдиректор на Царинската управа, Горан Сугарески.
Далиборка Демјанска
