Македонија Топ вести

Словенија воведува нови мерки за транзит низ државата од 23 август

Словенечката влада објави дека од 23 август патниците во транзит ќе треба да покажат доказ дека се вакцинирани против Ковид-19, доказ дека прележале или негативен тест .

„Од 23 август, транзитот низ Словенија веќе нема да биде возможен без исполнување на ПЦТ барања“, се вели во соопштението на владата по синоќешната седница.

Дотогаш, патниците во транзит   не мора да го докажуваат својот статус на Ковид на граница ако ја напуштат Словенија што е можно поскоро, и не подолго од 12 часа.

Исклучок од ПЦТ-условите за влез во Словенија се уште важи за лица помлади од 15 години, сопственици на земјиште и недвижен имот во пограничната област, прекугранични работници мигранти и вработени во меѓународен транспорт.

Новата владина одлука, исто така, пропишува задолжително носење заштитни маски за посетителите на јавни и културни настани во затворени простории, додека носењето маски станува задолжително за собири на отворено ако се присутни повеќе од 100 луѓе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ – Македонците ја губат можноста за сопствен дом

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик поради страв од изборен пораз

Tea Dimkovska

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра – тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе