Македонија

Нови градски автобуси во Тетово, граѓаните се плашат од инфекции

Автобусите набавени за јавен превоз во Тетово во понеделник ќе започнат да сообраќаат во градот. Од претпријатието „Тетово Транспорт“ велат дека започнуваат со почетната фаза во која не очекуваат голем број патници, туку граѓаните да се навикнат на автобусите, а возачите да не паркираат пред постојките.

Од претпријатието велат дека ќе има соодветни мерки за заштита од ширење на заразата со коронавирусот.  Сепак дел од граѓаните стравуваат дека истите нема да се почитуваат, па затоа најверојатно нема да го користат, а скептични се и во однос на функционирањето на јавниот превоз поради сообраќајниот хаос.

Градскиот превоз за почеток ќе функционира во две линии. 4 автобуси ќе ротираат на половина час, а од Претпријатието велат дека предизвиците на терен ќе ги совладуваат тековно.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ – Македонците ја губат можноста за сопствен дом

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик поради страв од изборен пораз

Tea Dimkovska

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра – тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе