Преку бројните инфраструктурни зафати кои се во тек се намалува градскиот метеж и се подобрува квалитетот на живот на граѓаните. Во моментот се врши проширување и реконструкција на булеварот „Никола Карев” кој е во должина од 980 метри во 4 коловозни ленти разделени со зеленило и пешачко-велосипедски патеки од двете страни. Истовремено се обновува булеварот „Босна и Херцегоцина” во должина од 1.700 метри и 6 коловозни ленти со пешачки и велосипедски патеки, вели Горан Герасимовски, претседател на ОО СДСМ Центар.
Се поставува средишно и странично зеленило од двете страни, како и нови улични лед осветлувања. Во тек е проширувањето на булеварот „Борис Трајковски” кој е во должина од 2 километри со 4 коловозни ленти и пешачко – велосипедски патеки од двете страни, а истиот ќе заврши со нов урбан и модрен кружен тек. Воедно, се гради и новиот мост на реката Вардар на булеварот АСНОМ кој е со вкупна должина од 400 метри со 6 коловозни ленти, велосипедски и пешачки патеки од двете страни, истакнува Герасимовски.
