Автобусите набавени за јавен превоз во Тетово во понеделник ќе започнат да сообраќаат во градот. Од претпријатието „Тетово Транспорт“ велат дека започнуваат со почетната фаза во која не очекуваат голем број патници, туку граѓаните да се навикнат на автобусите, а возачите да не паркираат пред постојките.
Од претпријатието велат дека ќе има соодветни мерки за заштита од ширење на заразата со коронавирусот. Сепак дел од граѓаните стравуваат дека истите нема да се почитуваат, па затоа најверојатно нема да го користат, а скептични се и во однос на функционирањето на јавниот превоз поради сообраќајниот хаос.
Градскиот превоз за почеток ќе функционира во две линии. 4 автобуси ќе ротираат на половина час, а од Претпријатието велат дека предизвиците на терен ќе ги совладуваат тековно.
Данијела Билбилоска
