Македонија Топ вести

Четириесет илјади смарт картички поделени на српските туристи кои транзитираат кон Грција

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и неговиот српски колега Томислав Момировиќ денеска на граничиот премин Табановце делеа бесплатни картички за патарина на српските туристи кои транситираат кон Грција. Досега се поделени над 40 илјади вакви картички. Владата во знак за благодарност за помошта која ја доби од Србија при вакцинацијата на граѓаните одлучи до 15 август српските државјани да можат бесплатно да минуваат по Коридорот 10. Министрите најавија воведување на „оне стоп шоп“ ситемот и во железничкиот сообраќај на премиот „Табановце“

Над четириесет илјади смарт картички за патарини за српските државјани кои транзитираат низ Македонија кон Грција се поделени за речиси еден месец. До средината на август српските државјани ќе може да ја користат оваа поволност која Владата ја донесе со одлука на на 25 мај како знак на благодарност кон Србија за донацијата од вакцини против Ковид-19.

Денеска на граничниот премин „Табановце“ каде што овој период фреквенцијата на возила е огромна министерот за транспорт и врски Благој Бочќварски и неговиот српски колега Томислав Момировиќ лично поделија неколку смарт картички на српските туристи кои заминуваа на одмор кон Грција.

Српскиот министер за инфраструктура, Томислав Момировиќ, се заблагодари на потегот на македонската Влада, и оцени дека допринесува за јакнење на регионт и соработката меѓу двете држави.

Новина е што брзиот проток на патници и стока ќе се воведе и на железничкиот сообраќај па затоа на пугата кај Табановце ќе биде воведен системот „уан стоп шоп“

Уште еден дел од железничкиот „Коридор 10“ во Македонија има уште еден дел за реконструкција за да има комплетна ббрз врска со пристаништето во Солун, а се размислува и воведување на брз воз на релацијата Солун – Скопје – Белград.

Министерот Бочварски ги истакна одличните билатерални односи меѓу Македонија и Србија и ги повика српските државјани да посетат некое од туристичките места во Македонија.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бактеријата еширихија како главна причина поради зголемениот број уринарни инфекции кај пациентите

Tea Dimkovska

Техеран без коментар за наводниот план за атентат кон Трамп – денес двете страни во нова рунда преговори во Оман

Tea Dimkovska

Министерството за култура и туризам го укина конкурсот за кофинансирање странски издавачи за објави на преводи од македонски автори

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе