Од населеното место Желино денес започна теренската вакцинација против ковид 19 во тетовскиот регион.
Вакцинирањето се одвиваше во просториите на тамошниот Здравствен дом. По краткиот разговор за претходни заболувања и потпишување согласност, граѓаните можеа да изберат помеѓу дози на Синовак и Астразенека.
Поголем интерес за ваквиот начин на имунизација покажале повозрасните жители.
Лицата кои се тешко подвижни ќе бидат вакцинирани во нивните домови.
Жителите се задоволни од теренската вакцинација, бидејќи не мора да патуваат до вакциналните центри, а дополнително се избегнуваат и гужвите.
Здравствениот дом Тетово ја подготви листата на местата каде ќе се врши вакцинација и во соработка со локалната самоуправа и месните заедници граѓаните ги информираат за денот и часот на посетата.
Теренската вакцинација продолжува утре со посета на селата во вратничкиот регион.
Данијела Билбилоска
