Вести Македонија Топ вести

Висококатниците кај „Холидеј ин“ под лупа на Обвинителството и Антикорупциска

Обвинителството истражува како е извршена продажбата на земјиштето на локацијата спроти Холидеј ин која сегашните сопственици ја добија од државата по околу 300 евра за квадрат со дооформување на градежна парцела. Од Јавното обвинителство за Телма велат се води предистражна постапка, и детали не откриваат.

Надлежниот јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција ги разгледува сите аспекти поврзани со овој случај меѓу кои и оттуѓувањето на земјиштето и во рамките  на своите надлежности ги презема сите неопходни дејствија за расчистување на случајот.

Предистрагата за плацот кај Холидеј ин доаѓа по иницијативата на Антикорупциска. Покрај сомнежите за продажбата на плацот, антикорупционерите побараа  од обвинителството да истражи и дали има основ за кривични пријави за неколку лица меѓу кои и двајца поранешни градоначалници на Центар заа злоупотреба на службената положба.

Сега за истиот случај и Антикорупциска ги бара и документите за градежната дозвола која градоначалникот на Центар Богдановиќ ја даде на инвеститорите.

Овој случај од самиот старт беше контроверзен. Јавноста реагираше на ниската цена по која преходниот министер за транспорт Сугарески ја продаде државната парцела со дооформување, повикувајќи се на важечката Уредба. По најавите дека таму ќе се градат висококатници и граѓаните и експертската фела остро се спротиставија на проектот. А министерството за транспорт и врски и градоначалникот на Центар Богдановиќ меѓусебно си ја префрлаа топката околу можноста за суспензијата на планот донесен од претходната владејачка гарнитура. Богдановиќ вчера потврди дека дозволата за градење е правосилна и дека нема правни пречки инвеститорите МГ Фешн и МПЦ на првиот од трите плаца, да почнат да ја градат првата висококатница од вкупно три.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен е турски државјанин кој со Мерцедес „летал“ на автопатот „Пријателство“ со 203 км/ч

Tea Dimkovska

31 година од геноцидот во Сребреница: „Тишината зборува најгласно“

Tea Dimkovska

Левица: Инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ – Македонците ја губат можноста за сопствен дом

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе