Македонија Топ вести

Гол човек се прошета пред странска делегација во Охрид

Утринава низ центарот на Охрид се прошета гол човек на возраст од околу 50 години, истовремено со прошетките на неколку странски делегации, кои учествуваат на „Преспа форум дијалог“, објави СДК.мк.

Од охридската полиција велат дека не станува збор за протест, туку ова бил нивни познат сограѓанин, и ова била честа појава и порано шетал по танга, но сега се охрабрил и соосема се соблекол.

Денеска, тој се соблекол на плоштадот и ги оставил панталоните на рекламно пано, пред да почне да шета.

Во Охрид се одржува „Преспа форум дијалог“ на кој учествуваат претседатели и премиери од регионот и Европа,  а таму е и целиот македонски државен врв.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе