Вести Македонија Најважни

Обвинителството нареди обдукција и испитување на сведоци за да се утврди како почина 14 год. девојче во парк во Гостивар

Обдукција но и повеќе други мерки кои ќе ги презмат полицијата и Обвинителството треба да дадат одговор на прашањето како заврши животот на 14 годишно девојче во гостиварскиот парк вчера после 20 часот.  Од Медицинскиот центар Гостивар ја известиле полиција дека е донесено дете без знаци на живот, по што е почната истрагата на двете институции.

„Вчера во 20.20 часот од Ургентен Ценатр Гостивар во СВР Тетово пријавиле дека кај нив било примено без знаци на живот 14 годишно девојче. Веднаш полициските службеници од Гостивар постапиле по пријавата и констатирано е дека се работи за 14 годишно девојче од Кавадарци кое привремено престојувалo во Гостивар и кое додека се лулало, според тоа што го рекле тие што го донеле во Ургентиот центар, паднало и им подлегнало на повредите“, рече Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Полицијата веднаш го известила Обвинителството, а дежурниот Обвинител дошол во паркот за да направи увид. Обвинителот одлучил дека треба да се извршаат повеќе постапки со цел да се откријат деталите за настанот и смртта на детето.

Дадена е наредба за обдукција, како и  насоки да се преземат повеќе дејствија за испитување на евентуални сведоци и проверки  по однос на статусот, безбедноста и одржувањето на реквизитите поставени на игралиштето.

Додека не бидат познати резултатите од обдукцијата и другите истражните дејствија, институциите велат дека е прерано да се истакнат причините што доведоа до трагичната смрт на 14-годишното девојче.

Александар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Единство и соработка наместо конструкции и инсинуации – силни политички реакции по инцидентот на Ќафасан

Sasko Dimovski

Закопани пет грла овци во Соколарци – угинаа од сипаници

Sasko Dimovski

Тепани затвореници во акција на интервентна полиција, кај нив пронајдени телефони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе