Џавит Муса, припадник на скопската банда Беланоца и баран за убиство на офицер на АРМ во Батинци е пронајден од Интерол во албанскиот град Драч. Убиството се случи лани на влезот во селото кога осомничениот ја начекал жртвата во автомобил и испукал повеќе куршуми кон него. Жртвата Агим Муареми, како што пишуваше тогаш Телма, е убиен поради тоа што не дозволувал неговата ќерка да се венча со припадникот на подземјето. Уште еден макеоднски државјанин баран со потерница од Интерпол и исто така член на Беланоца е уапсен во Драч. Според иницијалите и возраста станува збор за Сенафи Нуредини, роден во Норвешка.
„ Врз основа на информација од Македонската полиција, во Драч, Р.Албанија спроведена е меѓународна полициска операција во која лишени од слобода се М.Џ.(26), роден во Скопје и С.Н.(34), роден во Норвешка, двајцата припадници на организираната криминална група „Беланоца“, рече Гоце Адреевски, портпарол на МВР.
Џавит се бараше од Интерпол за тешка телесна повреда, убиство, недозволено држење оружје или експлозивни материјали и злосторничко здружување. Нуредини е баран за криумчарење мигранти, убиство, нелегално држење оружје или експлозивни материјали и злосторничко здружување. Муса е осомничен и за друго убиство изврешено во Батинци во 2024 година. Убиството го расветли МВР и било нарачно од Беланоца и нејзиниот лидер Фатљум Ајети Тоте. Нуредини е осомничен за убиството на Камбер Идризи во Бутел во 2021 година. Идризи беше член на спротиставена нарко криминална група.
Џавит пред бегството и убиствата издржуваше затворска казна во затворот Скопје за нелегално поседување на оружје. Тој е еден од затворениците кои тогаш добивале слободен противзаконски излез за приватни потреби поради што беше обвинет и осуден поранешниот директор на затворот Филип Андов Сокол. Во октмоври 2021 година Муса бил осомничен и дека избодел момче во Студеничани.
Трето лице на 26 годишна возраст со иницијали Џ.Р исто така е приведено и се бара за „поддржување на сторител на кривично дело“ и „фалсификување исправа“. Тој на Муса и Нуредини им обезбедил фалсификувани лични исправи.
Марија Митевска
