Вести Македонија

Закопани пет грла овци во Соколарци – угинаа од сипаници

Градежната механизација ја ископа длабоката јама, по што угинатите овци од сипаници беа закопани. Избрана е локација меѓу селата Соколарци и Жиганци, а во моментов оваа болест се појавила само во едно стадо овци во селото Сокаларци во Oпштина Чешиново-Облешево.

Според Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), фармата брои 262 овци и како што информираат денеска се спроведе акцијата за убивање и нештетно закопување на пет грла овци кои се угинати од болеста овча сипаница. Градоначалникот Јорданчо Костадиновски апелираше граѓаните да бидат смирени.

Благојчо Димитров, единствениот одгледувач на кози во соседно Жиганци, вели дека службите зеле примероци од неговите животни за да ја проверат нивната здравствена состојба.

Од АХВ денеска информираат дека од почетокот на годината до вчера евидентирани се 10 жаришта на болеста сипаници кај овци и кози на фарми со вкупно 1.491 животно.

„Вкупната бројка на убиени и нештетно отстранети овци и кози од фарми во одгледувалишта во општините Куманово, Делчево и Свети Николе, каде е болеста е потврдена, заклучно со вчерашниот ден изнесува 1.125 грла“, велат од АХВ.

Инаку, првото жариште каде што се појави ова болест кај овците и козите е регистрирано во кумановскиот регион, а од пред неколку дена и во Општината Чешиново-Облешево.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тепани затвореници кај нив пронајдени телефони

Дејан Дејан

Државата ги продава становите на Груевски по вртоглави цени, му ги конфискува со „Плацеви на Водно“

Дејан Дејан

За 30 отсто помалку одобренија за згради во Скопје – го спласнаа ли високите цени интересот за квадрат во главниот град?

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе