Економија Најважни

Еколошката такса ќе се носи во Собрание со европско знаменце

Со европско знаменце и по скратена постапка. Вака владата планира да ги донесе законските измени за еколошката такса, за кој пак блокади во Собранието најави македонската и албанската опозиција. Тоа значи дека и колку амандмани да достави опозицијата со цел да го блокира – дебатата во комисијата не може да трае повеќе од три дена. И за да го изгласаат им треба само просто мнозинство од пратениците во Собранието. Но и покрај се сепак  е неизвезно дали таа ќе почне да важи од 1 јули како што планираше Владата, зошто првата наредна седница на собранискиот календар е на 30 јуни.

4,13 денари е најновото покачување по литар гориво, а од доаѓањето на власт на СДСМ и Заев, до сега покачувањето за литар гориво е цели 14 денари. Цели 14 денари по литар се давачки кои се арач на државата што го зема Заев и потоа тие пари преку криминални тендери завршуваат во џебовите на СДСМ и на функционерите околу Заев, но и самиот Зоран Заев. На просечно семејство изминативе 4 години му се зголемиле давачките во просек месечно за гориво за еден автомобил за над 600 денари, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во владата пак оптимизам. Битиќи е убеден дека и покрај најавата за блокади од опозицијата се работи за денови кога законот ќе биде донесен во Собранието. Повика на разум кај пратениците – а  планот „Б“ за  Битичи се граѓаните. Заев пак верува дека преку  дебати пратениците ќе сфатат колку е тоа драгоцено и важно за граѓаните.

Приоритет на Владата е заштитат на животнатат средина. Тој веќе дал инструкции ако е можно 20 до 50 проценти од владините возила кои  веќе ги набавува Службатат за општи и заеднички работи да бидат електрични. Инструкции за набавка на еколошки возила добиле и другите институции.

Преку Дополнување на Законот за животна средина, Владата предлага воведување еколошка такса, или зголемување на цената на бензините, дизелот, екстра лесното гориво и мазутот за 3,5 денари по литар без ДДВ, додека цената на безоловниот бензини би се зголемила за 3,1 денар без ДДВ. До крајот на годинава од новиот зелен данок треба да се соберат 27 милиони евра во буџетот, а на годишно ниво 54 милиони евра, пари кои ќе се насочат во еколошки проекти.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, се намалува само цената на мазутот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе