Автобус со албански национални ознаки се преврте рано утрово во близина на Прилеп при што се поврдени 4 лица, албански државјани.
Несреќата се случила кај селото Алиници на магистралниот пат Битола Прилеп,околу 6 часот кога од засега непознати причини автобусот излетал од коловозот и се превртел покрај патот. Со тешки телесни повреди се здобил 48 годишниот возач на автобусот, а полесно се повредени тројца патници, од кој најмладиот е на 14 години.
Веднаш по несереќата биле префрлени во Клиничката болница во Битола, а увид извршиле екипи на битолската полиција.
