Избори 2020

Села: Кандидирањето на Зибери е веќе виден изборен трик на Ахмети

Ова не е прв пат Али Ахмети да проба да привлече албански гласови на таков начин, оценува лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, за потегот на лидерот на ДУИ за кандидирањето на Насер Зибери за прв премиер Албанец.

2014 година истотот го ветуваше Али Ахмети, тој трикот со ВМРО-ДПМНЕ за да АЛбанците останат дома и тоа беше единствената можност за Ѓорѓе Иванов пак биде избран за претседател во вториот круг. Вториот круг на претседателските избори се совпаѓаше со парламентарните избори, тогаш Ахмети ветуваше дека на една од трите главни позиции во државата треба да биде Албанец. Им ветуваше на Албанците дека ќе го условува формирањето на владата со претседател на Собранието Албанец. Веднаш после тие избори се натпреваруваа со ДПА кој прв ќе го гласа Трајко Вељаноски, вели Села.

Коалицијата на Алијанса за Албанците, Алтернатива и БЕСА на минатите избори имаше шанса да ги симне ДУИ по 18 години власт, но не успеа. Овој пат ќе се обидат пак, но за разлика од претходниот сега во коалицијата ја нема БЕСА. Села вели дека БЕСА се тие кои решиле да ја напуштат коалицијата.

Имаа понуда од моја страна за која требаше да одговорат. Понудата не беше направена без претходно да се анализира состојбата во секоја изборна единица, без претходно да имаме јасен увид на ситуацијата по градови итн. Имаа добра понуда од нас како Алијанса за да одиме во коалиција заедно со Алтернатива. Но тие не најдоа ни за сходно ниту да дадат одговор на нашата понуда, рече Села.

Не се сомневам дека Заев преку БЕСА се обидува да го задржи тоа гласачко тело кое го имаше во 2016 година, тврди Села.

Почуствува дека тоа гласачко тело им бега и му требаше една албанска политичка партија, без разлика колку има подршка, за дел од Албанците да имаат причина, како еве не гласаат за СДСМ туку гласаат за БЕСА. Но тоа е исто, се гласа за коалицијата „Можеме“, ништо повеќе, вели Села.

И покрај тоа Села оценува дека СДСМ и БЕСА не се големи конкуренти на нивната коалиција. Тврди дека албанската опозиција е соединета токму преку нивната коалиција и верува дека после 18 години ќе успеат да ја вратат демократијата во албанското општество во Македонија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Герасимовски: Двојно помалку трошоци за градинка и оброк на училиште за родителите во Центар

Дејан Дејан

Митинг на СДСМ во Тетово

Дејан Дејан

Митинг на ВМРО – ДПМНЕ во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе