Вести Избори 2020

Герасимовски: Двојно помалку трошоци за градинка и оброк на училиште за родителите во Центар

Кандидатотот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата, Горан Герасимовски, го претстави социјалниот пакет за граѓаните. Тој денеска вети дека како локална власт ќе обезбедат услуги за поддршка на семејствата од најмладите до највозрасните членови.

Герасимовски најави субвенционирање од 50 отсто на месечните трошоци за згрижување деца во градинка и оброк за учениците од основните училишта во општина Центар, како и финансиска помош за младите.

– За младите планираме субвенционирање еколошки превоз, но и грантови за отворање мали бизниси како поддршка за самовработување. Планираме и финансиска поддршка за младински организации за спроведување проекти важни за општината. Сегашните 60 ученички стипендии кои годишно ги доделува Општината, планираме да ги зголемиме и да доделиме стипендии за ученици од семејства во социјален ризик и еднородителски семејства. Овие стипендии се особено важни затоа што така ќе создадеме еднаква шанса сите млади да можат да го остварат својот целосен потенцијал, без оглед на својата материјална положба, изјави Герасимовски.

Од буџетот на Општина Центар во следниот период, најави Герасимовски, ќе се издвојува 0.1 процент за младите и ќе се отвори социјален фонд за помош на граѓаните во исклучителни случаи како пожар или поплави.

Герасимовски истакна дека Општина Центар ќе води сметка за сите свои граѓани затоа што, како што нагласи, тоа е вистинскиот начин општината да стане модерна и подобра за сите нејзини граѓани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Силјановска: По политичкиот земјотрес на 24 април, очекувам политички вулкан на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе