Избори 2020

Мицкоски: Спасовски и Заев уште во април најавија валкана кампања

Неспорно е дека објавувањето на „бомбите“ го спуштија нивото на целата политичка реторика и тие ги „поплавија“ програмите на партиите. Претходно Зоран Заев го обвини ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски дека не сакаат да се отвори истрага и да се дозне кој ги објавува тие неовластено снимени разговори. Мицкоски вели дека нема да покрене ништо до завршувањето на изборите за тоа да не биде разберено како влијание.

Ќе оставам тоа што е пуштено да си тече така, но после тоа имам намера, и тоа како. И против тој што ги објавува но и против тој што ги превзема овие нелегално стекнати материјали. Но не сакам до 15 јули ништо да почнувам затоа што да не биде сфатено дека влијаам, вели Мицкоски.

Во врска со тоа кој ги објавува сегашниве разговори, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека во случајов има само една страна,

Уште пред да почне кампањата за оние избори кои што требаше да се одржат во април, тогашниот технички претседател на Владата г-динот Спасовски најави дека кампањата ќе биде валкана. Понатаму претседателот на СДСМ г-динот Зоран Заев најави дека тој е Бошко Буха. Од кај нас, од оваа страна како што вие велите, нема такви најави, вели Мицкоски.

За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ таквите изјави на политичките субјекти е доволна најава за тоа што се случува.

Зоран Милевски Кичеец се појавува или спомнува во голем дел од бомбите, кои се однесуваат и за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, и сега повторно се поставува прашањето зошто политичарите имаат потреба да се среќаваат со лица кои се веќе имаат признато дека снимале средби и разговори?

Мојата средба е пред да се случи „Рекет“, на почетокот на месец април пред претседателските избори и не сум имал претстава дека тоа лице е инволвирано во оваа работа. Како претседател на политичка партија јас морам да се среќавам со што е можно повеќе луѓе, посебно во моментите пред изборите. Тоа е мојата задача. Но се сложувам дека како професор немам никаква потреба а кога повторно ќе бидат професор и нема да се среќавам со вакви лица, вели Мицкоски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Двојно помалку трошоци за градинка и оброк на училиште за родителите во Центар

Дејан Дејан

Митинг на СДСМ во Тетово

Дејан Дејан

Митинг на ВМРО – ДПМНЕ во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе