Избори 2020

Заев: Разговорите кои СДСМ ги поседуваше ги предаде на СЈО

„Бомбите“ се тие кои ја одбележаа оваа предизборна кампања. Ја одбележаа до тој степен што се пуштаат речиси секојдневно што предизвика граѓаните да не слушнат речиси ништо подобро од политичарите. Прашањето е кој ги објавува „бомбите“?

Кога СДСМ поседуваше разговори, тоа го правеше СДСМ, од своја партиска говорница, со подготвени кривични пријави кои по завршувањето на пресконференцијата нашиот правен тим ги доставуваше до ЈО а на новинарите им ги дававме комплетно, рече Заев.

На прашањето дали постои можност истите разговори да биле украдени и подоцна злоупотребени Заев вели дека не е можно, разговорите кои СДСМ ги поседувал ги предал во СЈО.

Ние направивме записник за тоа примопредавање, таму се доставени. Да потсетам дека тоа не беше пред 100 години, тоа беше во 2015 и ние поседувавме дел од тие разговори, тоа што го имавме го објавивме јавно, го доставивме на крајот до СДСМ. Тоа го правеле нашите опоненти, тие снимале 20.000 граѓани. Каде доставиле такви разговори, од кои стигна еден дел кај нас и имавме храброст тоа да го објавиме, тие треба да ви кажат, вели Заев.

Но разговорите кои сега се објавуваат неспорно е дека се снимени со телефон, со соговорник со кој тој што снима седи на иста маса. Зошто политичарите и државните функционери имаат потреба да седнуваат на иста маса со луѓе кои што имаат таков бекграунд, Заев вели дека тие се отворена влада и секој бара средба со нив.

Апсолутно секогаш се работи за инвестиција која бара и е примена од мојот кабинет. Иако и министрите примаат, постојано, секој ден, веројатно Заев сакаат да го рушат па затоа тоа се објавува. Секој што побарал средба во владата бил примен, на секого му е објаснето по закон, ние не знаеме со какви намери луѓето доаѓаат кај нас, вели Заев.

На една од објавените „бомби“ лидерот на СДСМ е снимен за време на ручек во Струмица и тоа од синот на близок соработник. Уште позагрижувачки е фактот што блискиот соработник е одговорен за безбедносни прашања.

Проблематичниот син на професорот Верушевски е нешто што е познато во јавноста. Тоа не ме прави мене поблизок или подалечен со професорот Верушевски, тој е професионалец и е главен советник за национална безбедност во владата и продолжи да биде и со Оливер Спасовски, вели Заев. Јас сум многу близок со неговиот татко и неговата мајка, но Александар Верушевски, човекот има некој проблем. Со професорот Верушевски ќе зборувам отворено до крај на мојот живот, но со Александар веројатно повеќе нема да зборувам, тврди лидерот на СДСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Герасимовски: Двојно помалку трошоци за градинка и оброк на училиште за родителите во Центар

Дејан Дејан

Митинг на СДСМ во Тетово

Дејан Дејан

Митинг на ВМРО – ДПМНЕ во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе